Петар Печков
Објавено: четврток, 25 септември 2025
Во рамки на одбележувањето на Неделата за промоција на хуманите вредности, Општинската организација на Црвен крст Велес, додели награди и признанија на 32 млади волонтери, кои реализираа пет проекти. Тоа се проекти со кои се подобруваат условите за живот во заедницата, на лица кои имаат потреба за тоа.
„Израувам голема благодарност на нашата организација, кон Вас волонтерите, за вашата несебичност, залагање. Најголем број од волонтерите во Црениот крст, влегле во организацијата преку проект за доброто на заедницата. Голема е бројката 923 волонтери кои изминатите години биле дел од оваа програма. Тие заеднички изработиле 167 проекти за доброто на заедницата. Општинската организација е една од четирите во земјава која го натфрла годишниот план за крводарителство со над 200 отсто. Радува што секоја година имаме бројни нови дарители, кои даруваат по прв пат. Лани тоа биле 574 лица. Крводарувањето е темел на здравствениот систем, таа е незаменлива за да се продолжат бројни човечки животи. Затоа крводарувањето е наш врвен приоритет“ – рече д-р Кевица Шопова Клифова, претседател на ОО Црвен Крст Велес.
Првата група работела на реализација проект за помош на згрижувачко семејство. Целта уредување на детска соба на вториот кат од нивната куќа, со нов мебел и подови. Проектот резултираше со топол и функционален простор, подготвен да пречека уште две деца Втората група работела да обезбеди специјализирани алатки и терапевтски помагала на дете со аутизам, кои ќе му помогнат да се развива, да комуницира поефективно и полесно да се вклучи во образовниот и социјалниот живот. Целта да се намали товарот врз семејството, да се овозможи подобар развој и квалитет на живот за детето, како и поголема вклученост во општеството. Третата група работела на обезебдување на потребна орпема на Детското одделение од Велешка болница и набавен аспиратор за секрет – уред кој игра клучна улога во третманот на респираторни проблеми кај децата. Со што се направи важен чекор кон подобрување на условите за лекување и здравствена заштита на најмладите пациенти. Групата четири работела на еколошка активност, создавање еко катче, изработени се клупи и украси од палети. Група пет реализираше проект што поттикнува интеркултурна соработка, со цел да ја намалиме дистанцата меѓу македонските и албанските паралелки.
На настанот се доделија и признанијата за 22 крводарители кои во 2024 година достигнале јубилеј 50, 75 и 100 крводарувања. Сто крводарување имаше Марин Нацев, по 75 за Костадин Саздов, Драгомир Лазаревиќ и Зоран Крстевски. Меѓу тие што добија признанија за 50 даарувања беа очната лекарка Мила Ѓорѓевиќ, др Кирил Лазов директор на Државниот санитарен и здравстен инспекторат, пратеникот Александар Јамалов, како и Орце Цветков, Марјанчо Малинов, Благородна Наумовска, Љупчо Станоев, Мартин Арсовски, Зоран Пановски, Борче Димовски, Цветан Станчевски, Благој Темелков, Јонче Наков, Роберт Јовчевски, Драганчо Момировски, Пане Игевски, Марјан Китанов, Криумче Стефановски.
Благодарници добија Носачи на крстот, Основна организација Црвен крст Градско и Велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот.
| Tweet |






