речник контакт

Признанија за крводарителите за 17 март ден на Црвениот крст и крводарителите

Признание за 100 дарувања доби Симон Костанчев

Петар Печков

По повод 17 март Ден на Црвениот крст и ден на крводарувањето , Општинскиот Црвен крст од Велес додели признанија за најхуманите.  Признание за 100 дарувања доби Симон Костанчев. Тој рече дека е горд за тоа што покажува висок степен на хуманост.

 Почнав уште млад, не се сеќавам кога беше. Имав желба да помагам и уште ја имам. Колку што давам значи дека сум здрав, кога ќе бидам болен ќе ме одбијат. Со ова помагам некому кому треба оваа драгоцена течност  -  кажа Костанчев.  

За 75  дарувања признанија добија:  Амди Мамудовски, Стојанче Иванов, Димче Наумов. За 50 дарувања признанија добија: Трајче Димовски, Тони Ангелов, Сузана Давчевска, Павле Тасковски, Нада Сарагинова, Јонуз Демиров и Сашко Андреев.  Најуспешна организација според работно место е Гарнизонот на АРМ ,,Алексо Демниевски Бауман,,  за  најуспешна основна организација според место на живеење е населба Чашка. Најдобра образовна институција е ОУ Св. Кирил и Методиј а за најдобар мотиватор е Теодора Југова. 

Посебно задоволство ми е што сум претседател на оваа организација, најмногу заради крводарителите. Голема чест е да се биде дел од организација која покажува висока хуманост. Треба да се знае дека Велес, заедно со Чашка и Градско се први во Македонија по крводарување - рече д-р Милчо Трајков. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »