Петар Печков
Објавено: петок, 17 март 2023
Општинската организација на Црвен крст Велес, го одбележа 17 март, Ден на оваа организација. и Ден на крводарителстството во Македонија. Ова е ден на луѓето кои доброволно ја даруваат својата течност, з да спасат нечиј живот. Ова е ден и на луѓето кои со членувањето и активностите во најхуманата организација, стојат на највисоката скала на човечноста.
„За нас од општинската организација на Црвен крст Велес крвадрувањето е еден од врвните приоритети. Тоа е темел на здравствениот систем. Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребен за да се спасат многу животи. Радува што секоја година имаме нови родители во општините Велес, Чашка и Градско. Во 2022 година околу 400 лица го имаа своето прво дарување“ - кажа д-р Кевица Шопова Клифова, претседател на ОО Црвен крст Велес.
Минатата година ОО Црвен крст Велес реализира 3721 крвна единици со што за 209 отсто го натфрли планот и е четврти во Македонија, по Кавадарци, Виница и општина Центар.
Присутните ги поздрави и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, кој е и самиот крводарител.
„Тоа што за нас е малку за некого е многу. Дарувањето крв е дарување дел од себе. Јас кога дарувам крв, споделувам фотографии , не за да се пофалам, туку за да ја подигнам свеста и ги мотивирам граѓаните и тие се придружат на семејството крводарители“ - кажа Колев.
Признание на 100 пати дарувано крв доби Јован Андреев, додека за 50 дарувања им беше врачено на Сашко Хаџи Арсов, Николче Несторов, Драге Станчевски, Даниела Петровска, Дарко Атанасовски, Илиевски Гоце, Ален Давчевски, Бојан Станчев, Сашо Новачев и Јово Стојков.
Јован Андреев, кој со крводарување започнал како средношколец и останал верен се до неговиот 65 роденден во октомври лани, кога поради административни причини, повеќе не може да дарува крв.
„Започнав со младешки сон, за потоа да станам зависен од крводарување. Било во ЈНА, на акција, на работа. Ем е корисно за некој друг,кому крвта му е неопходна, но и полезно за самиот себе, се обновува крвта. Штета што поради возраста не можам да дарувам повеќе крв, иако се чувствувам дека можам“ - кажа Јован. Тој на новогодишната свеченост на Општина Велес го доби признанието за хуманист на годината.
Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството, значаен придонес за исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарителство во 2022 година и за поддршка на крводарителството Благодарница им се додели на Здружение „Велес Бајкинг“, Основна организација на Црвен крст Градско, ССОУ Коле Неделковски и Горан Богоевски.
Tweet |