Петар Печков
Објавено: четврток, 27 декември 2012
Локалната власт на општина Велес ги награди најдобрите, кои за граѓаните се обично анонимни, но со своето работење, со својата човечност, трудољубивост, ентузијазам, вредности кои се се поретки, даваат пример на останатите.
Општина Велес годинава ги награди:
Д-р Горан Чолаков хуманист за 101 пат даруваната рака за ретката А1 негативна крвна група. Тој е крводарител од 1981-та година. Чолаков е приватен стоматолог.
Сашко Митев полицаец роден 1978-та, до 2004-тата работи во Тетово во периодот на конфликтот. За неговиот личен придонес за заштита на безбедност ана граѓаните е прогласен за најдобар полицаец во 2012 година.
Златко Арсов пожарникар 35 години тој му пркоси на огнот , поплавите и останатите елементарни непогоди кои ги загрозуваат луѓето и нивниот имот. Иако при обука се здобил со сериозни повреди не му пречи и натаму да биде во најсложените професионални задачи.
Пепи Атанасов занаетчија – пекар. Тој иако завршен земјоделски инженер, ја продолжува семејната традиција на најстарата фурна во градот. Кај Читкушева и натаму се продава леб произведен на старински начин, во фурна на дрва.
Цена Стефановски е жена земјоделец. Од нејзината 15 годишна возраст се занимава со земјоделие, одгледува граор, јачмен, пченица, тутун и лозје. Обработува 4,5 ха земја, има трактор. Таа е пример за многу жени, столб на семејството и работа по полето.
Васил Христов комунален работник, за кого во ЈКП Дервен имаат најпофални зборови. Прв во извршувањето на секојдневните обврски, тој е дел од тимот кој се грижи за хигиената во градот.
Tweet |