Петар Печков
Објавено: среда, 23 мај 2012
Општина Велес со свечена академија го одбележа празникот на просветните работници 24 мај, посветен на сесловенските браќа Свети Кирил и Методиј.
На академијата се обрати градоначалникот Горан Петров кој потенцира дека Велес е општина лидер на полето на образованието и оти прават напори да ги следат европските стандарди на ова поле.
Тој јавно им оддаде признание на сите 700 просветни работници од училиштата во Општина Велес.
За најдобар наставник во одделенска настава за 2012 година беше прогласена Светлана Бобевска, одделенски наставник во ОУЦП „Блаже Конески“ во Велес. Најдобра по предметна настава од петто до осмо одделение е Сениха Брзева од ООУ „Благој Кирков“, а Валентина Шкрекова од ОСУ „Коле Неделковски“ е најдобар професор во средното образование.
Тоа што ние денес сме прогласени за најдобро професори во 2012 година, не значи дека другите не се добри и не ја заслужуваат наградата. Тоа што сме тука е заслуга на сите вас, но најмногу на нашите ученици, благодарение на кои ја добивме наградата, рече професорката Шкерова.
Свечената академија, што се одржа во салата „Бели мугри“, беше збогатена со настап на хорот на ООУ „Васил Главинов“.
Tweet |