речник контакт

Признанија за најдобрите просветни работници за 2014 година

Виолета Јорданова, Даниела Димовска и Маја Талеска Панова се најдобрите во општината за оваа учебна година

Петар Печков

 По повод Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј локалната власт им оддаде признанија на најдобрите преосветени работници во општината за учебната година што изминува.

 Така за најдобар наставник во одделенска е прогласена Виолета Јорданов од ОУ Св. Кирил и Методиј  која   ,,грижливо,  секогаш подготвена за совети на тема семејно воспитување, успева нејзината паралелка да биде пример за сите други,,.

За најдобар  наставник по предметна настава е прогласена Даниела Димовска од ОУ Блаже Конески, наставник  по англиски јазик. ,,Во наставата се истакнува со јасно поставена организација, одлично планирање и подготовка. Остварува забележителни резултати што се резултат на нејзината креативност и  стручност,,.

За најдобар наставник во средно образование   е прогласена Маја Талеска Панова,  професор  за економски стручни предмети   од Средното економско училиште Јовче Тесличков. ,,Tаа е принципиелна, високо мотивирана личност со ентузијазам и голем стручен капацитет. Целосно посветена на работата во која покажува големи организациони способности, иницијативност и доследност,,. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »