речник контакт

Признанија за најредовни читатели на велешката Библиотека

Најредовен читател е Александра Николовска, најредовен читател во оддел за деца е Верица Пренџова. Највозрасен читател со 82 години е Добри Деловски Најмладиот Христијан Арсов со само три години. Најредовен читател на дневниот печат е Милан Шојлев

Петар Печков

 По повод патарниот празник на библиотеката Гоце Делчев, се одржа свеченоста на  која беа доделени благодарници  за најредовните читатели и за највозрасниот и најмладиот.  Така најредовен читател е  Александра Николовска, најредовен читател во оддел за деца е Верица Пренџова.   Највозрасен читател со  82 години е  Добри Деловски Најмладиот Христијан Арсов со само три години. Тој на оваа возраст чита и пишува. Негови најсакани книги се  приказните Црвенкапа, Снежана и седумте џуџиња. Најредовен читател на дневниот печат е Милан Шојлев.

Велешани се горди на фактот што во нивниот град Ангелко Палашев, прибирал книги и  го основал првото читалиште во 1832 година, со што  се ставени темелите на првата библиотека во Велес и воопшто во Македонија.

Луѓето со своето присуство во нашата институција даваат смисла на нашето постоење. Знаете што барате, во тек сте со светската и домашна литература.  Ние ви овозможуваме можност за читање на добра и стручна литература  -рече директорот Игор Крајчев. Во музичкиот дел настапи квартетот Грејс со одлична изведба на македонски  поп нумери. Беше отворено и обновеното американско катче сработено со помош на членовите на ,,Мировниот корпус,,.


 Верица Пренџова има 12 години Нејзин омилен автор е Горјан Петревски.
 Читам од прво  одделение. Тоа е моето хоби  кое ме опушта во слободното време.  Книгата е прозорец кон светот и  наместо интернет кој ни го наручува здравјето се одлучив за книгата..

Александра Николоска 27 години
 Член на  библиотеката сум 17 години. Моментално најмногу читам стручна литература од економија, менаџмент и бизнис, бидејќи подготвувам магистерскиот труд.  Читам и драми, психолошки романи, читам се. Од детството нешто што ми  остави трага е ,,Доктор оф боли,,. Последно што прочитав е Ниче Димовски ,,Вистината за вечноста,, .
 
Добре Деловски
Читам од средна школа, кога ги купив првите книги. Тоа ме следи до денес. Имам дома библиотека од  илјада книги. Читам мудрости, раскази, историја, прикаски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »