Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 февруари 2023
По повод патрониот празник, годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, велешката библиотека на најредовните читатели им додели признанија.
Велешката библиотека „Гоце Делчев“ за патрониот празник 4 февруари, ги врачи традиционалните признанија за најредовните читатели. За највозрасен читател пофалница доби Марија Питиќова, а за најмногу прочитани книги Ацо Давчевски.
Во одделот за деца на најмлад читател пофалница доби Петар Димов, а Искра Ивановска за најмногу прочитани книги од детското творештво .
За подрачната библиотека во Градско во одделот за возрасни за најчитател беше прогласена Љубица Велинова, а во одделот за деца Марија Будимова.
Посебна благодарница од локалната библиотека „Гоце Делчев“ доби семејството Здравковски за подмирување членарина на сите ново запишани ученици во септември минатата година.
Tweet |