Петар Печков
Објавено: вторник, 25 септември 2018
На вечерашната свеченост на Општинската организација на Црвениот крст од Велес признанија им врачи на тројца сограѓани, кои неизмерно и во големи количини ја покажуваат нивната хуманост, човечност.
Признанија добија хуманитарката Ленче Здравкин, Далиборка Златева -претседателката на Здружението на лица со церебрална парализа и Анѓел Киров волонтер од Црвениот крст од Велес. Сите тие со својата активност даваат пример за големината на човекот.
Преку ,Приказна за хероите од мојот град" секој од тројцата се претстави пред присутните во големата сала на Општина Велес и ги презентираа нивните хумани дела.
Црвениот крст дада признанија и на тие што помогнаа, така доби и велешката компанија ,,Жито,, со чија помош се обезбедени дел од проектите на младите волонтери.
Tweet |