речник контакт

Приколките се вратија на езерото

Инспекцијата најавува нивно селење по празникот

Петар Печков

Од минатиот викенд започна поставување на приколки покрај езерото Младост. Тие се поставуваат помеѓу патот и брегот и засега ги има десетина. Иако на влезот од овој излетнички локалитет е поставена табла со која јасно  се кажува дека е забрането кампирање, тоа не пречело на некои наши сограѓани да ги постават нивните камп приколки. Од локалната власт најавуваат дека ваквата состојба нема да ја толерираат.

Веќе во понеделникот инспекцијата беше на лице место. Од десетте диво поставени камп приколки три се отстранети. Следенети ќе бидат отстранети по Први мај. Нема да дозволиме тука да се поставуваат вакви нелегални објекти – изјави градоначалникот  Славчо Чадиев. Дивата камп населба оваа пролет беше иселена, но со доаѓањето на пролетта некои од поранешните кампери пак се вратија на старата локација. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »