речник контакт

Прилепски мајмунлак

Познато е дека прилепчани се големи мајтапчии, но еден од нив што го „увезовме“ во Велес како бизнисмен изгледа има посебна умешност.

Петар Печков

Познато е дека прилепчани се големи мајтапчии, но еден од нив што го „увезовме“ во Велес како бизнисмен изгледа има посебна умешност.

Имено новиот сопствeник на деловниот простор на некогашната Градска Библиотека, газда Миле откако 200 м2 ги купи за 16,53 милиони денари, си ги присвои и додатните десетина од задна страна, сопственост на државата.

Тој, посочуват станарите си го заградил простoрот, си го закатанчил иако нема документ за сопственост и го користи. Уште почудно е што сите општински градежни инспекции и началници од локалната власт, беа постојано присутни при градбата, па никој од нив, па ни комисијата која изврши технички прием, не видела дека новиот сопственик си присвоил простор вреден околу 5 илјади евра. Очиглeдно тие не се само на голем лееееетеееен одмор, ( види вест за узурпацијaта на тротоарите за која општинските инспeкции ништо не превземаат) тие се на гоооолем гоооооодишен  одмор.

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »