Петар Печков
Објавено: четврток, 25 април 2024
Велешката полиција вторникот вечер, уапсила прилепчанец кој бил во бегство од затвор. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 23 април во 20.30 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.М.(29 год) од Прилеп. Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Tweet |