Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 април 2022
Прилепчанец сам се пријавил дека се изгубил во околината на село Нежилово, и побарал помош од полиција да го пронајде. Настанот се случил ноќеска после полноќ.
„На 18-ти април околу 00.50 часот во Полициската станица Велес, Д.Т.(59) од Прилеп пријавил дека со патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, се изгубил во атарот на село Нежилово, општина Чашка. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка веднаш излегле на терен и извршиле негово пребарување и во 02.45 часот го пронашле лицето во добра здравствена состојба“ -соопштија од МВР.
Лицето било однесен во Полициското одделение Чашка, по што бил предаден на семејството.
Tweet |