Петар Печков
Објавено: недела, 31 мај 2015
Гран При највисоката награда на Државниот фестивал на непрофесионален филм му припадна на Александар Андоновски од Прилеп за краткиот игран филм ,,Свадба.док,, . Приказната за двајца прилепчани кои работат како сниматели на свадби за да живеат и создаваат документарци за своја душа, го освои жирито на фестивалот, кој викендов се одржа во Велес.
На 44-тиот Фестивал беа прикажани 44 филма во пет категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен.
После подолго време имавме богата продукција и најмногу радува што повеќето дела се од независни, самостојни продуценти. Имаме многу нови автори, млади луѓе кои знаат што е филм. Значајно е што има и разноликост на родовите на филмовите, радува што имаме експриментални, анимирани, едноминутни, кои се најтешки за работа. Ме напрaви радосна што добивме краток анимиран филм, во кој музиката е специјално работена и пишувана за него, од автор кој знае што е музика - изјави Илинденка Петрушева филмолог и член на жирито, во кој беа и Јордан Витанов и Миле Петковски.
Златната плакета во едноминутен филм ја доби Леон Ристов за ,,Ранливи,, за анимиран филм Ѓуинај Јусуфовски и Стефани Крстеска за ,,Облеката не го прави човек,, за експериментален филм на Тина Виторовиќ и Душица Симовска за ,, Тие три збора,, за документарен филм Перо Кованцалиев за филмот ,,Вујче,, и за краток филм ,,Кројачи,, на Тамара Костевска.
Признание од Светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА и беше врачено на Мими Ѓоргоска Илиевска директорка на Кинотеката на Македонија. Организатори на Фестивалот беа Кино сојузот , Народна техника на Македонија и велешкиот театар.
Tweet |