Петар Печков
Објавено: среда, 28 јули 2021
Прилепчанецот кој тамошната полиција го упаси дома на Петровден, годинава, велешката полиција го сомничи за серија тешки краажби. Сите биле извршени во пределот на Клепа.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против С.А.(32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешки кражби“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ во шест викендици во атар на селата Степанци и Смиловци, општина Чашка“ –кажа Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Претходно МВР во билтенот соопшти:
„На 12-ти јули ул.,,Борнего“ е уапсено лице за кое била распишанa централна потерница од страна на СВР Велес, поради повеќе извршени кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес“ - соопштија од МВР.
Tweet |