Петар Печков
Објавено: петок, 20 декември 2019
Средата во дом на велешко семејство, влегле тројца крадци и украле накит. Во писмената информација на МВР не се соопштува во кој дел од денот е сторено делото, ниту сумата за која е оштетен сопственикот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против К.Р.(48) и Б.Н.(29), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „помагање на сторител во извршено кривично дело“. На 18.12.2019 на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, К.Р., заедно со уште две лица, влегле во стан и одзеле накит - информираа од МВР.
Tweet |