речник контакт

Примени нови сто професионални војници во АРМ

На огласот се пријавиле 895 кандидати, со што уште еднаш е потврден големиот интерес за оваа професија

Петар Печков

Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ и извршен чинот на прием во служба се 100 нови професионални војници на АРМ. На огласот се пријавиле  895 кандидати, со што уште еднаш е потврден големиот  интерес  за оваа професија. 

Честитајќи им го приемот, министерката за одбрана Радмила Шеќериска, рече дека тие се првите сто војници кои влегуваат во Армијата по целосното воено интегрирање во НАТО.

„За вас тоа е чест а за нас одговорност да направиме се што треба за да го дадете вашиот максимум. Денеска со гордост можеме да кажеме дека секој припадник на Армијата има два целосни комплети на борбена униформа, чизми, спортска опрема, дека обезбедивме алпинистичка опрема, АБХО опрема, и дека сме влезени во процес на модернизација на Армијата со нови оклопни транспортери и со ново модерно вооружување“ кажа Шекеринска.

Министерката истакна и дека со членство во НАТО се зголемија предностите за Армијата.

„Ни се отворија вратите кон еден огромен потенцијал за усовршување во службата која убедена сум ќе го искористат сите припадници на Армијата. Ќе имате прилика да учествувате во многу НАТО обуки, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знаење како сојузничките армии“, дополни  Шекеринска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »