Петар Печков
Објавено: сабота, 03 ноември 2018
Во Амбасадата на Република Македонија во Париз, се чуваат вредни примероци на накит и модни додатоци изработени од срма. Се наоѓаат во холот на седиштето и можат да ги видат гостите на амбасадата.
Изработките од градската носија на Велес, која била под влијание на ,,ала франка модата,, се карактеристични за 19 и почеток на 20 век. Тие биле работени за жените на угледните велешки трговци, кои соработувале со Западна Европа и ја следеле модата.
Според кажувањата на амбасадорката на Македонија во Париз, Јадранка Чаушевска Димов, предмети биле донирани од госпоѓа Сузана Лот Матје. Нејзиното семејство во 20-тите години на минатиот век живееле во Велес, бидејќи татко и како инженер работел во изградба на Железниот мост над реката Вардар, на пругата Велес -Кочани. Мајка и собирала вакви предмети, женска облека и накит и ги понела за Париз - рече Јадранка Стефкова.
Таа беше дел до делегација на локалната власт која неодамна престројуваше во посета на француската област Алзас. Градоначалникот Аце Коцевски побарал предмети да бидат отстапени и изложени на изложба следната година во Велес, да има можност да ги види велешката јавност
Tweet |