речник контакт

Приодот до дома по лична карта, соѕидан

Легалната врска на станарите од Крсте Мисирков бр.8 со светот локалната власт ја продаде и таму се изгради куќа

Петар Печков

Приодот до домовите на станарите од ул. Крсте Мисирков бр. 8 е соѕидан. На местото каде тие живеат според лична карта, од неодамна се издигна градба, се изгради куќа.

Местото  пред три години го продаде локалната власт, така сега 20-тина семејства немаат  приод до влезовите од зградите. Приодниот пат, влезот за станарите од зградите на улица Крсте Мисиров бр. 8 се продаде. Овој простор им беше единствената легана врска со улицата на која живеат. 

Ова е нашиот влез за станарите на двете згради. Сите наши документи се водат на улица Крсте Мисирков и од тука е приодот до домовите. Со години баравме приодот од улица АСНОМ (порашена Моша Пијаде)  да ни се изгради и секогаш добивавме ист одговор, живете на улица Крсте Мисирков и таму ви е приодот, не ма тука што да  барате. Таму е приодот спроед планот, ама го продадоа па според планот – велат дел од станарите.  

Потсетуваат дека истата уличка е бетонирана пред 12-тина години, по подолги убедувања со локалните власти. На тој начин е обезбеден и приодот до нивните живеалишта. Градоначалникот објаснува дека  промената на ДУП била извршена  пред 10-тина години. 

Местото беше предвидено за градење и постапивме по планот. Што се однесува   дека не сум сакал да го уредам приодот  од улица АСНОМ, такво барање до мене нема стигнато,  ниту сум ги одбил – изјави градоначалникот Чадиев.   

Така станарите сега се најдоа во ситуација, приодот до нивните домови да биде соѕидан и да стигнат до дома мораат по земјен пат, кој е див и неуреден.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »