Петар Печков
Објавено: среда, 14 април 2021
Традицијата продолжува, припадниците на армијата донираа помош за социјално ранливите категории од велешко. Оваа акција се организира секоја година по повод 15-ти Април Денот на велешката касарна, а донациите се собираат од сопствени средства на секој припадник на АРМ, од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ од Велес. Оваа година донацијата ја извршија ден порано, на 14-ти април.
„Донирани се пакети со храна, облека, детско крветче, дубак, покуќнина и останати работи кои ги превземаа волонерите на општинскиот Црвен крст од Велес. Во изминатиот период Црвениот крст често соработува во припадниците на Армијата и тие редовно ја покажуваат нивната хуманост како преку донации, така и со крводарителски акции кои се одржуваат во велешката касарна“ - рече Орце Николов, секретар на ОО Црвен Крст Велес.
Tweet |