Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 јули 2022
Основното јавно обвинителство Велес побара а судија на претхопдна постапка од Основен суд Велес, му одреди мерка притвор од 30 дена на лицето Г.Ш. (43 год) од Велес. Ова доаѓа откако ОЈО Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда -квалифицирана со смрт. Од здобиените повреди, откако бил нападнат, пет дена подоцна почина Д.В. (48 год).
„Осомничениот на 8 јули, во вечерните часови, во тоалетот на казино во Велес, тешко телесно повредил едно лице на возраст од 48 години. Како последица од нанесените повреди оштетениот починал. Осомничениот го забележал оштетениот како игра на еден од апаратите во казиното, дошол до него и започнал вербална расправија. Потоа го однел во тоалетот каде физички го нападнал и со тупаници повеќе пати го удирал во пределот на грбот и слабините. Со ударите му нанел тешки телесни повреди како последица на кои дошло до раскин на слезината на оштетениот и загуба на големо количество крв, па на 13 јули тој починал“ – информираа од ОЈО Велес.
Бидејќи постоел основан страв дека осомничениот Г.Ш. доколку се брани од слобода, ќе се даде во бегство, ќе влијае врз сведоците и со тоа ќе ја попречува истражната постапка и дека ќе го повтори истиот вид кривично дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес е доставен предлог за определување притвор, кој е прифатен.
Tweet |