Петар Печков
Објавено: недела, 24 декември 2023
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани, М.Г. (25 год ) и О.Т.(32 год), за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, со кое е предвидено затворска казна од најмалку пет години.
„Осомничените, на возраст од 26 и 32 години, на 23 декември наутро, со заштитни маски на лицето, заедно влегле во спортска обложувалница. На вработената на сила од раката и го оттргнале мобилниот телефон и го одзеле. Побарале од неа пари со закана дека ќе ја убијат. Почнале да пребаруваат низ обложувалницата, па пронашле и одзеле 12 ваучери за исплата од слот машини во вредност од вкупно 13.219 денари, како и сите ситни монети што ги пронашле во фиоките“ - информираа од ОЈО Велес.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес определил мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, М.Г. и О.Т. двајцата од Велес, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото.
Tweet |