речник контакт

Притвор за две лица од петмината кои се сомничат дека од невнимание го предизвикаа пожарот

И.Т и М.А. добија 30 дена притвор а Л.Б. Ј.Н. и Т.В. мерки на претпазливост

Петар Печков

За двајца од осомничените притвор 30 дена, за останатите тројца изречена мерка на претпазливост. Ова доаѓа откако МВР против пет лица И.Т; Т.В; Л.Б; Ј.Н; М.А; како сопственик на градежна фирма, поднесе  кривични пријави по пожарот кој во понеделникот ја  зафати околината на Велес  и езеро Младост, за ,,тешки дела против општата сигурност,,.

ОЈО Велес информираше дека отворило истрага за петте осомничени лица, две од нив, судија на претходна постапка при основен Суд Велес им одредил мерка притвор од 30 дена. И тоа за И.Т. и М.А. поради можноста да влијаат врз сведоци, да побегнат и да го повторат делото, додека за Т.В. Л.Б. Ј.Н. одредил мерка претпазливост. 

Истражната постапка е против одговорно лице во едно правно лице и против четворица работници ангажирани за извршување работи за потребите на правното лице.

По скратена постапка кривично ќе се гони и правното лице – градежната компанија која ги ангажирала осомничените. Според првичните сознанија, пожарот настанал од искри исфрлени од апарат за брусење. Од искрите се запалила околната тревна површина, а пожарот потоа неконтролирано се проширил и добил големи размери, па била опожарена и поголема шумска површина. Според командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски пожарот започнал  во 11,20 ч. на 26 август, на плац  на почетокот од патот кон езеро Младост. Надлежните проценија дека изгоре 400 хектари површина, од нив 200 хектари шума и изгорела дрвна маса од 20 илајди м3.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »