речник контакт

Притвор за девојката која е осомничена за убиство сторено при семејно насилство

По вербална и физичка расправија меѓу двајцата партнери, девојката била фатена за врат со намера да биде давена, па осомничената со нож му нанела убодна рана

Петар Печков

Притвор за девојката П. И. (23 год)  која е осомничена за убиството на А.Р(40 год)  и е изречен во Основен суд Велес, по барање на велешкото обвинителство. Тие двајцата неколку години живееле заедно во вонбрачна заедница. 

Основното јавно обвинителство во Велес донело Наредба за спроведување истражна постапка против девојката за кривично дело – Убиство.

„На 29 септември, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого живеела во вонбрачна заедница. По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош која резултирала со смртна последица“ - соопштија од ОЈО Велес.

Од ОЈО Велес додаваат имајќи ги предвид видот, тежината на кривичното дело и запретената казна, наоѓајќи дека осомничената можела да се даде во бегство или да ги уништи и сокрие трагите од предметното кривично дело, надлежниот јавен обвинител од Основниот суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор за обезбедување на нејзиното присуство во текот на постапката. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителот и на осомничената и определил притвор во траење од 30 дена.

Соседите сведочеа дека девојката била малтертирана од страна на А.Р.

Убиеното лице А.Р. иако вработен како полицаец во СВР Велес не бил почитувач на законот. Во два наврати е осуден во Основен суд Велес  условно за две кривични дела. За сообраќајка случена на 28 февруари 2010-та за  тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, откако возел со двојно повисока брзина во град со 80 км, од дозволената и удрил во шестмина тинејџери кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Второто дело -изнуда  го сторил на 13 септември 2016-та пред нотар во Велес, кога   осомничената за убиството  и нејзината сестра се договарале за оставинската постапка, починатиот и пришол на сестрата ја фатил за врат и  се заканил со зборовите  „ќе ти го скршам вратот ако не и ја препишеш куќата на сестра ти“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »