речник контакт

Притвор за лицето од Мелница, кај кое дома беа пронајдени три пиштоли кои ги поседувал без дозвола

ОЈО Велес ги истражува сомненијата за изборен поткуп извршени од осомничените А.Ч и И.И од село Мелница, кај кои беа пронаједни пари, оружје и копија од избирачки список

Петар Печков

ОЈО Велес отворило истрага против лицето А.Ч. (50 гoд) од Mелница Чашка, оти кај него при претресот на неговиот дом во понеделникот попладне, биле пронајдeни три пиштoли, за кои тој немал дозвола за поседување.

По барање на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основен суд Велес, му одредил меркa притвор од 30 дена, поради можноста да побегне или да влијае врз сведоците.

Осомничениот А.Ч. кога беше уапсен од страна на СВР Велес, тие најавија  дека се сомневат дека сторил кривично дело „изборен поткуп“ а беа пронајдени и пари околу еден милион денари и 2,5 илјади евра, додека ОЈО Велес го осомничи за кривично дело  „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“.

„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар“ – соопштија од ОЈО Велес.

Од ОЈО Велес најавуваат дека  продолжуваат да постапуваат и да преземаат дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен А.Д.  и на уште едно лице И.И (52 год)  исто така од село Мелница, кај кое во текот на понеделникот  беа извршени претреси. Полицијата објави дека кај него е пронајдена копија од избирачки список, од изборно мeсто во општина Чашка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »