Петар Печков
Објавено: петок, 20 септември 2013
Во текот на меѓународната операција беа идентификувани три криминални групи, од кои две се од Велес, во кои организаторите престојуваат во Македонија од каде ги регрутираат и обучуваат членовите и ги координираат активностите поврзани со недозволена трговија со дрога, поточно им даваат насоки и инструкции на уличните дилери во Франкфурт и околината.
Во рамките на заедничката истрага беа опфатени 62 лица од кои 44 лица во Германија и 18 во Македонија. Од лицата приведени во Германија, 26-мина се македонски државјани. При активностите во Германија запленети се 700 килограми смеса за мешање на хероин, 5 килограми чист хероин и над 5 килограми кокаин, како и 30 000 евра. Во Македонија околу 5 килограми хероин кој членовите на групата од Македонија се обидуваа да го внесат од Турција со намера да го транспортираат за Франкфурт, но и помала количина на марихуана и амфетамин.
За време на меѓународната операција обезбедени се докази со примена на посебни истражни мерки во Македонија и докази од Германската служба за борба против дрога за инволвираност во недозволена трговија со дрога на 8 лица од Македонија кои се поврзуваат со гореспоменатите заплени во Франкфурт и против 6 од нив до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени три кривични пријави. На сите нив надлежните судови им одредија мерка притвор во траење од 30 дена. На две лица кои не се достапни, мерката им е изречена во отсуство.
Кај 10 лица во земјава е направен претрес поради сомнеж дека се инволвирани во „Перење пари“, односно дека нивни фирми или фирми кои се во сопственост на нивни блиски биле користени за пуштање во легален промет на незаконски стекнатите пари. Од тие причини во истрагата вчера се вклучи и Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, а се очекува да бидат доставени докази за некои трансфери по што ќе бидат комплетирани постапките и против овие лица. За трите криминални групи кои дејствувале во Франкфурт.
Првата криминална група ја организирале лица од Велес и по нивни инструкции во Франкфурт и околината била набавувана наркотична дрога хероин, како и смеса за мешање на хероинот кој бил нуден на улична продажба на зависници во Франкфурт. Оваа организирана криминална група се поврзува со три заплени на хероин во Франкфурт. Во првиот случај хероинот е набавен од албански државјанин, во вториот реализиран случај претходно набавената дрога, ја сокриле на две различни локации на подрачјето на градот, додека во третиот случај во близина железничката станица во Франкфурт, подигнале хероин претходно сокриен.
Во третата криминална група како организатори се идентификувани две лица од Велес и Скопје. Во септември 2012 година, тие испратиле 25 годишна девојка од Велес, во Амстердам да набави наркотична дрога хероин и хемиска супстанца, кој го предала на член на групата, подоцна приведен на железничката станица во Франкфурт.
Вклучувајќи го и последното продолжение на Операцијата „Диригент“, во изминативе 4 години, на таканаречената „Франфурт мафија“, која повеќе од 10 години е инволвирана во сериозен меѓународен криминал и е нанесен голем удар. Во сите досегашни акции, во земјава и надвор поради поврзаност со оваа група се приведени преку 500 лица.
Најголемиот дел, околу 460 се приведени на територијата на Германија, Австрија и Холандија. Во земјава од 2009 година наваму се приведени 70 лица. Запленети се преку 220 килограми хероин, 4 килограми кокаин и неколку килограми марихуана. Документирани се трансфери на пари тешки неколку милиони евра, а десетици илјади евра се запленети, како и голем движен и недвижен имот.
По огласувањето на Министерството за внатрешни работи на Македонија за успешно реализираната акција за спречување на шверцот на дрога, се огласи и франкфуртската полиција со свое соопштение.
Министерот за внатрешни работи на Хесен, Борис Рајн, денеска информираше дека полицијата на Франкфурт во успешна акција реализирала интернационална операција против организираниот криминал. Како дел од операцијата извршена во соработка со Македонската полиција во Скопје остварени се 13 апсења во Македонија.
Операција „Мрежа“ е дел од истрагата што се води уште од 2011 година, а која беше спроведена поради интернационална организирана мрежа на шверц на дрога во Франкфурт. Како што информира Рајн, македонските криминалци работеле и доминирале на нелегалниот пазар за хероин во Франкфурт повеќе од десет години. Хероинот од Авганистан преку таканаречената „балканска рута“ доаѓал и завршувал на улиците во Франкфурт.
Полицијата на Франкфурт успеа да ја спречи оваа организирана група на престапници на законот од Македонија. Во последните неколку години македонските државјани држеа околу 90% од нарко-пазарот за во последниве неколку години по напорна полициска работа таа доминација да падне на 20% – вели Рајн.
Tweet |