речник контакт

Притвор за разбојникот кој физички нападна жена за да и ја одземе чантата со пари и документи

А.Д. ја удрил по главата, нанесувајќи ѝ телесни повреди, ѝ ги скршил очилата, па ја турнал на земја и ја одзел чантата

Петар Печков

Петокот доцна навечер се случил физички напад врз жена која минувала кај местото викано „Сточно пазариште“.   Лицето А.Д. (30 год) од Велес  полицијата го уапсила а украденото било вратено на жената. За овој настан  Основното јавно обвинителство Велес повело  истрага под сомнение дека  А.Д. сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

„На 17 февруари, кај местото викано „Сточно пазариште“, се приближил од зад грб на  жена, ја повлекол за чантата и започнал да ја влече. Бидејќи не можел да ѝ ја оттргне, ја удрил по окото и устата, нанесувајќи ѝ телесни повреди, ѝ ги скршил очилата, па ја турнал на земја. Од оштетената ја одзел чантата со паричник во кој имало околу 300 денари, 20 евра и лични документи“ - соопштија од ОЈО Велес.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетената или да го повтори делото. Судија во претходна постапка одредил,мерка притвор.  

Кривичниот закони за ова дело предвидува казна затвор од најмалку пет години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »