речник контакт

Притвор за таткото кој го нападнал синот, откако си дошол од странство за Божик дома

Осомничениот им замерувал на синовите што ја прибрале мајка си кај нив, а таа се жалела на семејно насилство

Петар Печков

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лицето И.Ш. (67 год) од велешко село, кој се сомничи  за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик. Настанот се случил на 22 декември околу 23ч. во велешко село.  

„Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствениот син Н.Ш. (42 год), заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство. Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома“- информираа од ОЈО Велес..

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во  Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »