речник контакт

Притвор за тројцата лажни полицајци кои ограбија мигранти

Еден од осомничените заврши во Болница

Петар Печков

Притвор за тројца гевгеличани кои лажни се претставиле дека се  полицајци и ограбија двајца Мароканци. Вознемирен од настанот едниот од осомничените заврши во велешката Болница.

Гевгелиската полиција  против  П.Ј. ( 41 год), П.М. (34 год) и З.Ј. (35 год) сите од село Миравци Гевгелиско поднесе кривични пријави за  разбојништво. Трите лица во понеделникот вечерта околу 22 часот,  во близина на селото Миравци, во месноста викана   ,,Вир,,  откако двајца миграни оделе пеш по пругата, биле нападнати од осомничените.

Тројцата се претставиле  дека се полицајци, по што физички ги нападнале,   при тоа  користеле дрвени палки, електро шок, заканувајќи им се со пиштол. При тоа едното од лицата било повредено во ногата и биле ограбени. Од нив биле одземени 600 евра,  мобилни телефони а едното од оштетените додека беше  во велешкиот суд а беше  само на влечалки, бидејќи му ги украле  и патиките.  

 Оштетените биле двајца Мароканци, кои илегално ја минале грчко -македонската граница  и пеш се  упатиле кој Србија.      Додека чекаа за распит, на едно од  осомничените лица му се влоши, побара помош од доктор. Беше повикана Брзата помош, која го пренесе во Интерното одделение на  Велешката Болница.

Таму му се извршени неопходните претраги и било констатирано дека е ,,силно вознемирен,, по неколку часа беше вратен пред  предистражен судија, кој  му изрече мерка притвор  од 30 дена, заедно со останатите двајца,,лажни полицајци,, за разбојништво.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »