речник контакт

Притвореник побегнал преку прозорец од судот, откако слушнал дека треба да оти во притвор во Шутка

При апсењето полицајците истрелале два пати во воздух

Петар Печков

Притвореник побегнал преку прозорец од велешкиот суд. Тоа се случило во моментот кога ја слушнал одлуката на судијката дека ќе оди притвор во Шутка. При тоа ја турнал и повредил дактилографката која била во судницата.  Полицијата и требало половина час за да го пронајде и уапси.

„Беше околу 10,30 кога пред мене претрча младо момче,се симна од скалилата,  ја премина улицата и преку сокакот од новата зграда, карши судот  истрча  накај месноста Дворови. По него трчаше полицаец и ми беше јасно дека  бркаат бегалец, сторител на некое кривично дело“ - вели велешанец очевидец на настанот.

Друг очевидец раскажува дека бегалецот ја препливал реката Вардар над Железен мост и преминал во Речани, од  каде полицајците   испукале  истрели  во воздух,  откакао лицето не сакало  да се предаде. 

Тоа го потврдија и од МВР.  Во петокот од нивна страна  бил уапсен осомничен дека е сторител на дел од кражбите кои се случуваат во стариот дел на  градот. Откако СВР Велес поднеле кривична пријава до ОЈО Велес, од таму било од судија на претходна постапка во Основен суд Велес, побарано на лицето да му биде изречена мерка притвор, за да не го повтори делото или да избега.   

„Полициски службеници од СРВ Велес го лишиле од слобода А.Р.(20) од Велес поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во куќи. Тој бил задржан во полициска станица и денеска во 8  часот бил спроведен во Основен суд Велес за да биде изведен пред судија на претходна постапка. Откако го предале на судијата, полициските службеници останале во ходникот пред судницата. Тој во судницата ја турнал дактилографката и избегал преку отворениот прозорец. По преземени мерки, во 11 часот  лицето А.Р. бил пронајден и приведен во СВР Велес. При преземањето мерки, во два наврати полициски службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух“ - соопштија од МВР.   

Откако бил уапсен А.Р. бил спроведен во Казнено- поправната установа - Затвор Скопје за издржување на казната притвор, која му ја определила  судијката во  претходна постапка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »