Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јануари 2024
Изминатиот празничен викенд во велешката полиција пријавени два физички напади, кои според пријавителите биле поради нерасчистени должничко- доверителски односи.
„На 7 јануари година во 13 часот А.М.(24 год) од Велес пријавил дека околу 12.30 часот на улица „Петре Прличков“ во Велес, бил физички нападнат од Р.А’’ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
„На 6 јануари година во 13 часот А.Е. (45 год) од Велес пријавила дека претходниот ден на улицата „Богдан Каракостев“ во Велес, по кратка вербална расправија, била физички нападната од М.А“ - дополни Ѓаковска.
Според пријавеното, и во двата случаи причина биле меѓусебни должничко- доверителски односи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.
Tweet |