Петар Печков
Објавено: среда, 25 ноември 2015
Секој дел од градот има свои потреби, секое маало,улица, смета дека неговиот е најзначаен за решавање .Како од толку потреби,од толку барања, ги издвојувате тие што треба да се сработат?
- Имаме два стандарди од кои излегуваат приоритетите. Прва е четири годишната Програма за работа со која ги добив изборите и ветив дека ќе ја остварам во мојот мандат. Второ беше што еден месец наназад одев со стручните служби по сите урбани и месни заедници, да ги слушнам нивните потреби и барања. Секоја од нив издвојуваше две кои им се приоритети и тие влегуваат во програмата за работа, за да ги реализираме следната година. Месните и урбани заедници со гласање решаваат што им е најпотребно.
Има неколку проблеми, кои ги допираат сите велешани, без исклучок, а се во надлежност на локалната власт. Првиот е паркирањето. Градот има се повеќе автомобили и се помалку места за паркирање. Како да се реши овој проблем?
- Овој проблем добива на интензитет со годините, иако во овој период изградивме доста паркинг простори. Лани и годинава изградивме на левата страна од градот два големи паркинг простори со 253 места. Центарот е на 5 минути од нив. Очигледно и тоа е малку. Треба да се градат нови. Работиме на изградба на нов, на просторот околу Гимназијата за 70-80 места. Тоа нема да го реши проблемот, оти Велес е единствен град во Македонија, каде не се наплатува паркинг простор, во ниту еден негов дел за паркирање. Имаме порачно мислење за проект за изградба на монтажни катни гаражи, на неколку локации во градот. Ги очекуваме пресметките, колку тоа би чинело и д али има услови да се изведе.
И пак за сообраќајот. Чувствувате ли дека улиците во градот се тесно грло за нормално одвивање. Во т.н. шпицеви има колони на возачи кои чекаат да стигнат до работа, или ги однесат децата на училиште. Има ли решение?
- Изградивме два кружни тека на две ранливи места во градот, на приодот и кај Авона. Иако имавме големи реакции од дел од граѓаните при изградбата, во пракса се покажаа како одлични решенија. Тој на влезот во градот за година дена нема ниту една сообраќајка, а овој новиот функционира месец дена, нема никаков проблем. Овие места, каде имаше бројни незгоди и сообраќаен метеж, ги решивме. Сега работиме за решавање на клучката кај Панини. Очекуваме идејно решение од проектантските куќи како и кај семафорите. Дилема е дали да останат и дали и таму треба кружен тек. Работиме и на решавање на влезот во Велес, од страна на Башино село. Поставивме повеќе легнати полицајци за успорување на брзината на автомобилите. На дел од тротоарите во центарот поставивме метални столпчиња за да ги ослободиме за пешаците, оти беа освоени од автомобили. Полека воведуваме ред во сообраќајот во градот.
Проблем на сите велешани е атмосферската одводна вода, која при најмал дожд, создава езера и порои во градот, секогаш има штети. Може ли овој проблем да се реши, има ли финансиска моќ градот?
- Мораме да го решиме, но не се решава за една или две години. Во подготовка е документација за атмосферска канализација на Велес, тоа е долгорочна стратегија. Ќе се работи пет и повеќе години и чини 3 до 5 милиони евра. Студија е нарачана и мораме да започнеме со работа. Тоа значи цел град да се ископа, прекопа, за да може водата да се донесе до реката Вардар. Згора на тоа одводната и канализационата вода да бидат одвоени, не смеат да бидат заедно. Потоа следи изградба на Пречистителна станица, вредна околу 17 милиони евра, пари кои мора да се обезбедат од ЕУ фондовите.
Градоначалниче,стигнуваат ли до вас поплаките на жителите од стариот дел на Велес, од левата страна, дека со години се заборавени и запоставени?
- Во овие две изминати години вложивме многу средства во овој дел на Велес., Изградивме два паркинзи, ја менуваме старата и дотраена водоводна мрежа, која не чинеше 110 илјади евра за само една улица. Преку Проект на Декадата на ромите градиме пет улици, вложени се 40 илјади евра. Работиме на Проект за изградба на модерен покриен Пазар. Ја започнавме проектната постапапка и за изградба мост на Вардар, за Речани.
Имате ли средства за сите овие работи, се полни ли Буџетот, има ли финансиска моќ општината?
- Пари секогаш недостигаат, кога сериозно се работи. Не сме богата општина, но никогаш не сме имале загуби. Сите давачки кон добавувачите се плаќаат редовно, плати навреме за вработените во сите општински институции. Никој не не дал на суд, заради неплаќање. Морам да кажам дека годинава големи средства од Буџетот одвоивме за да ја решиме инфраструктурата на индустриската зона ,,Караслари,, Изградивме пречистителна станица за отпадни води, пат, трафостаница,а донесовме вода, откупот на земјиштето за да се гради ги плати Општина Велес. Мојата визија беше вработување на велешани, иако таму вложени пари можевме за половина Велес да изградиме нови улици. Но значајно беше да се донесе и отвори фабрика во Велес по 25 години. Програмата за градежно земјиште за овие 10 месеци е исполнета за 90 отсто, што е висок процент.
Tweet |