речник контакт

Прогласен за виновен во случајот „Запалена гаража“

Николче Лукаров доби осум години затвор

Петар Печков

Николче Лукаров доби осум години затвор бидејќи е прогласен за виновен во случајот „Запалена гаража“ кога во неа жив изгоре велешанец.

Во Основниот суд со изрекувањето на пресудата заврши судскиот процес во кој Лукарев (24) беше обвинет за кривичното дело тешко дело против општата сигурност.

Петчлениот судски совет со кој претседаваше судијката Снежана Николовска го прогласи за виновен, му изрече мерка затвор од осум години и го продолжи притворот до правосилноста на пресудата. Таа ја образложи казната дека е минимална во однос на стореното дело, бидејќи Николче бил млад а имало премалку олеснителни околности за да се изрече помала казна затвор.

Тој освен што предизвикал пожар во кој еден загина, ги загрозил животите уште на четири лица, така што оваа казна е најниска што можел судот да ја изрече.

Лукарев тешко ја прими пресудата, започна да ги пцуе и навредува родителите и роднините на починатиот Аким Рушитов (24) поради што мораше да интервенира и судската полиција.

- Не сум задоволна од изречената казна, што е осум години за  убиецот на синот кој жив изгоре во пожар. Ќе се жалиме на висината на казната - изјави Џемиле Дестанова, мајка на починатиот Аким кој бил најстар од шесте деца во фамилијата.

Блиските на осудениот Лукарев пак сметаат дека доказната постапка не е изведена во ред.

- Мојот брат не е единствениот виновник во овој случај има  други кои се замешани и тие треба да одговараат. Има вештачење врз чија основа ќе се жалиме, за пожарот друг е виновникот. Казната е превисока, ќе се жалиме - изјави Грозда Лукарева, сестра на осудениот Николче.  

Тој во завршните зборови рече дека се кае за стореното дело, таму отишол да спаси пријателка на која не и дозволувале да си оди, но дека пожарот го подметнал Ангел Стојанов а местото важи како легло за проституција.

Настанот кој доби судска разрешница се случи на втори март годинава во 3,30 часот наутро а обвинителството Лукарев го товареше за кривичното дело тешко дело против општата сигурност. Тој ја потпалил гаражата во кое едно лица Аким Рушитов загина а четворица други се спасиле бегајќи преку покривот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »