Петар Печков
Објавено: среда, 13 јуни 2018
За одбележување на трите големи јубилеи 110- години од раѓањето, 75 години од смртта на поетот Коста Солев Рацин и 55 години на манифестацијата Рацинови средби , локалната власт, како организатор за годинешните Рацинови средби подготви повеќе содржини со кои му оддава почит на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.
Четврток попладне започнуваат во 18ч. со засадување на млади садници во шумата на Рацин пред Спомен Костурницата. Во 18,45 е положување цвеќе пред споменикот во центарот а подоцна и на споменикот пред Гимназијата. Во 19,30 е промоција на поштенска марка со ликот ан Рацин а во 20ч. е отворање на изложба на портрети на Рацин дело на академскиот сликар Ангел Петров. Во 20,30 ч. е свеченото отворање на манифестацијата каде беседа за Рацин ќе има проф. д-р Кристина Николовска. Во продолжение ќе се одржи и поетски меѓународен митинг. Првата вечер завршува со концерт на Влатко Стефановски. Сите овие содржини се во театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Петок од 11ч. е меѓународна конференција за тема ,,Унапредување на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик, Рацин и Македонскиот јазик,, која ќе се одржи во театарот. Попладнето во 19ќ. е посетата на куќата на Рацин, каде ќе се промовира книгата ,,Влогот на Конески во Рацин,, од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ. Во 20ч. во театарот е доделувањето на наградите Рациново признание, Почесно Рациново признание и Антологија на болката. Манифестацијата ќе заврши со концерт на групата Љубојна.
Tweet |