речник контакт

Продадена топилницата

Сопственик на велешки МХК Злетово е фирмата „Метрудхем“ ДОЕЕЛ, откако претходно во шест обиди неуспешно се продаваше најголемиот производител во обоената металугија во Македонија.

Петар Печков

Сопственик на велешки МХК Злетово е фирмата „Метрудхем“ ДОЕЕЛ, откако претходно во шест обиди неуспешно се продаваше најголемиот производител во обоената металугија во Македонија.

Вака решил стечајниот судски совет на вчерашната седница , потврди претседателот на Основниот суд во Велес Шефшет Адеми откако претходно турската компанија „Јалим“  се повлече од тендерот за продажба. Така во наредните осум дена најповолниот понудувач треба да ја уплати сумата од 2,25 милиони евра со која тие ја добија Топилницата на седмиот тендер во средината на јуни годианва.

Со него во сопственост ги добиваат комплексот Металургија и комплексот Хемија - фабриката за вештачко ѓубрива ХИВ. Тие планираат да го рестартираат комбинатот кој шест години не работеше, додека вториот заинтересиран купувач, кој се повлече поради ниската цена на железото, сакаше тука да гради Трговски центар, а Топилницата да ја продаде како старо железо.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »