Петар Печков
Објавено: вторник, 14 ноември 2023
На продажна изложба со хуманитарен карактер беа изложени делата од работилниците, кои летово се одржаа за ученици од Велес. Тие се одвиваа во куќите на уметноста. Завршниот настан беше во Европската куќа.
„Шест месеци се одвиваа овие работилници. Во куќата на Васил Главинов беше столарската, во куќата на Кочо Рацин грнчарска, а во Касапови изработка на накит, ткајачка, копаничарска. Обуката траеше еден месец, ја изведуваа стручни лица. Собраните средства од оваа продажна изложба се наменети са колега, грнчар од Куманово Стојан Трајковиќ кому летово му изгоре работилницата“ - кажа Гоце Станчев, од здружението Разбој, еден од организаторите на работилници , заедно со Здружението на финансиски работици на Македонија.
На работилниците учество земале околу 120 деца, основци, кои биле селектирани од страна на нивните наставници по ликовна уметност.
Tweet |