Петар Печков
Објавено: среда, 08 октомври 2014
Во Велес има 48 станови општествени станови, чии сопственици плаќаат закупнина. Неодамна ресорниот министер Миле Јанакиевски најави дека, што се однесува до општествените станови, откупот ќе продолжи по барањата кои се пристигнати заклучно до 31 декември 2010 година.
Министерот појасни дека продажбата на оваа категорија станови се одвива со големи проблеми, пред се' поради поднесени некомплетни барања. Токму поради тоа и е утврден дополнителен рок сите што имаат поднесено некомплетни барања за приватизација на општествен стан да ги достават сите документи до 31 март следната година, оние што нема да го сторат тоа ќе добијат решение за закуп и ќе ги користат становите исклучиво со плаќање кирија според својата категорија.
Tweet |