Петар Печков
Објавено: вторник, 20 октомври 2026
Зимското сметање на времето годинава, според одлуката на Европската комисија, ќе почне на 25 октомври кога стрелките на часовникот ќе се вратат од 03.00 на 02.00 часот, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври.
Граѓаните сабота кон недела добиваат еден час повеќе за спиење, денот почнува порано, порано и се стемнува. Распоредот е изготвен врз основа на важечките правила, или промената на часовникот ќе остане до 2031 година.
Доколку во меѓувреме се донесат нови регулативи на ЕУ, промената двапати годишно би можела да се укине порано.
Според одлуките во ЕУ кое го прифати и Македонија летното сметање на времето почнува последниот викенд од март (во 02.00 ч. стрелките се движат напред на 03.00 ч.) зимското време почнува во последниот викенд од октомври (во 03.00 ч. стрелките се враќаат назад на 02.00 ч.).
| Tweet |




