речник контакт

Продолжи судскиот процес за смртта на родилката Кадиева

Двајца гинеколози сведочеа за постапка при породување со царски рез. Сопругот праша дали е нормално во салата да има пијани доктори и да се молчи

Петар Печков

Во Основен суд  Велес продолжи судскиот процес за смртта на родилката маја Кадиева и нејзиното бебе. За ова дело обвинети се тројца доктори  анестезиологот Томче Ванчев и гинеколозите  Венци Чалков и Дончо Москов. По барање на бранителот  на д-р Москов, адвокатот  Ацо  Андонов Бродев, ги испитуваше двајцата приватни гинеколози д-р  Гетев од Валандово и д-р Маџунков  од  Струмица околу процедурите за изведување на  договорен царски рез,за  породување на бебето. 

При тоа и од двајцата ги доби одговорите дека тие работат самостојно од анестезиолозите и започнуваат со породувањето откако родилката ќе биде доведена во состојба на анестезија. 

Со овие сведочења на двајцата  гинеколози,   јасно е  кој треба да биде виновен  за настанатите последици. Требаше да се разјасни зошто родилката се одлучила на породување  со царски рез - изјави адвокатот Туше Гошев.   

На сведочењето на двајцата доктори гинеколози, реагираше  Димитрие  Кадиев, сопруг на починатата маја и штотуку роденото бебе. 

Тие зборуваа за процедурата како   треба да се породува. Меѓутоа  не се  постави  прашањето дали е морално некој да  биде пијан  и к ако треба присутните во салата да  реагираат.  Имаше пијани доктори во тимот, а  стручњаците зборуваат за процедура,  што резултираше со  смрт. Иако процесот се одолговлечи една година, јас сум убеден дека  обвинетите ќе  бидат осудени   – рече Кадиев.   Судењето продолжува кон  крајот на октомври.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »