Петар Печков
Објавено: четврток, 04 октомври 2012
По едно месечна пауза на градежните работи на терен, продолжија активностите на изведувачот за изградба на разрушениот мост на реката Вардар кај селото Ногаевци. Оштетениот мост сега е урнат во должина од дваесетина метри а се вратија машините на скопски Гранит кој вршат подготвителни работи за поставување на
коловите, врз кои ќе се постават носачите и фундаментот.
Според работниците кои се терен, ако се оди според планот, како краен рок тие очекуваат дека мостот ќе биде завршен кон крајот на ноември. Мештаните од Ногаевци пак велат дека тој ќе биде пуштен на денот кога пред две години беше разрушен 5-ти декември. Тие сега имаат нов монтажен висечки мост преку кој заминуваат до Градско или Велес, за да не вртат по обиколниот земјен пат преку селото Кочилари. Во првите најави по започнувањето на реконструкцијата на мостот, краен рок за негово завршување беше почетокот на октомври.
Tweet |