Петар Печков
Објавено: среда, 05 мај 2021
Продолжи вакцинацијата против ковид-19 во Велес. Од денeс до сабота повторно е отворен вакциналниот пункт во Здравствен дом, каде ќе се вакцинира највозрасната група. За разлика од претходно, овој пат се наоѓаат лица кои се пријавени преку страницата vakcinаcija.mk и се на возраст и под 70 години. Тие добиле СМС порака за кој ден и во кој термин да се вакцинираат.
„Вакцинацијата продолжува, работиме од 8 до 13,30ч вклучувајќи ја и сабота. Сите лица ќе бидат вакцинирани со кинеска „Синофарм“ и веднаш ќе го добијат и терминот за втората вакцинација“ - кажа д-р Пандели Божиков.
Досега во Здравствен дом Велес вакцинирани се повеќе од илјада лица, сите над 75 годишна возраст, повеќето со вакцината на „АстраЗенека“ а помал дел со „Синофарм“.
Од вчера дел од вработените во Здравствен дом Велес, две докторки и седум медицински сестри се на испомош во Кавадарци, каде се врши масовна вакцинација.
Tweet |