Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 ноември 2021
Продолжува вакцинацијата против сезонскиот грип во Центарот за јавано здравје Велес. Бесплатна вакцина се однесува за хроничните болни, лицата на 65 годишна возраст, трудници и деца до шест годишна возраст
„Има заинтересираност кај граѓаните. Добивме термини за бесплатна вакцинација, има количини и од комерцијалната. Вакцина против сезонски грип аплицираат и здравствени работници, кои доаѓаат самоиницијативно“ - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, директорка на Центарот за јавно здравје.
Заинтересираните кои сакат да примат комерцијална треба да платат 800 денари. За Велес има обезбедено 300 вакцини и тие за овие шест работни дена не се потрошени. Ист е случајот и со градовите кои ги покрива ЦЈЗ од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе.
Бесплатната вакцина е од холандско производство, додека комерцијална е од француско. И двете се четири валентни и против инфлуенца од тип „А“.
Tweet |