речник контакт

Продолжува вакцинирањето на учениците и децата од претшколска возраст по протоколите за заштита од ковид-19 и со висок одѕив

Се вакцинирало и во зградата на Здравствен дом и на терен во руралните средини

Петар Печков

И во услови на вонредна состојба, поради епидемијата на ковид-19, продолжува вакцинацијата на децата и  младите од училишна возраст. Одделението за  превентивна здравствена заштита  на училишни деца и студенти, при Здравствен дом Велес работи и во овие услови, почитувајќи ги протоколите за работа. Одѕивот на учениците е висок и имаат одлична соработка и со децата и нивните родители, велат надлежните. 

Поради пандемија на светско ниво, училишта во март ја прекинаа наставата, па и ние како служба ја прекинавме работата. Тоа беше краток период а по добивањето  на инструкциите од Министерството за здравство продолживме со вакцинацијата, според календарот за имунизација.  Сите ученици кои требаше да се вакцинираат, ги поканувавме со покана на домашна адреса.  Ги запазувавме термините кога тие можат да излегуваат од дома работевме во терминот од 13 ч. до 15ч. на секои  10-тина минути, по упатствата  на министерството.  Немаше контакт  едно со друго дете, беа сами со родителите. Одѕивот беше одличен. Одевме и на терен, вакциниравме тетанус во рурална средина.  Бевме во  Градско, Долно и Горно Јаболчиште, Мелница, Чашка.   Учениците подложни на вакцина, беа уредно поканети во кој ден и во кој час а тоа го вршевме во просториите на тамошните училишта. Задоволни сме од одѕивот. Беа преземени сите безбедносни мерки за заштита на децата при вакцинирањето - кажа во изјава за ТрМр  д-р Пандели Божиков, началник на службата за превентивна здравствена заштита  на училишни деца и студенти.

За безбедност на учениците  кои се вакцинирале во зградата на Здравствен дом  имало посебен влез за овие деца и нивните родители, да немаат мешање со другите пациенти.  Во овој период ја завршиле и вакцинацијата на девојчињата до 12 годишна возраст со ХПВ вакцина.  Им  останале  само тие од ОУ Блаже Конески, бидејќи другите ги вакцинирале  од ХПВ порано.  Па и  тие 70 девојчиња биле  успешно вакцинирани изминатиот месец.  

И во Превентивната служба за претшколска возраст при Здравствен дом Велес,  вакцинација се одвива непречено, според календарот за имунизација. Таа  се реализира и во амбулантата но и на терен во руралните средини. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »