Петар Печков
Објавено: вторник, 17 август 2021
Интересот за вакцинација во Велес не опаѓа, постојно доаѓаат лица некои за прва други за втора доза. Во вакциналниот пункт во Здравствен дом се пушта прва доза „Фајзер“ и „АстраЗенека“ за лица +60 годишна возраст, како и втората доза „Фајзер“ и „Синовак“’. Денес во овој пункт, околу 500 лица биле вакцинирани, кој со прва, кој со втора доза. Тој работи до 15 часот.
Од денес до четврток отворен е вакциналниот пункт во салата на училиштето „Коле Неделковски“ каде се пушта „АстраЗенека“ втора доза и денес таму биле аплицирани околу 340 вакцини. Тој ќе работи и на 30-ти и 31-ви август.
Теренската вакцинација, заклучно со вчера заврши во Општина Чашка а продолжи од денес во Општина Градско, селата Кочилари, Ногаевци, Водоврати и Виничани каде биле аплицирани 107 вакцини. Утре теренската вакцианција продолжува во Долно и Горно Чичево и во Подлес. Оваа седмица вакцинацијата на болни, немоќни и на лица со пореченост во Велес ќе биде само во петок.
Продолжува вакцинацијата на деца од 12 до 17 години, без закажан термин, со присуство на родител. Тие примаат „Фајзер“ и повеќето се деца - тинејџери на возраст од 16 и 17 години. Таа се одвива во Уред.
Tweet |