Петар Печков
Објавено: петок, 25 февруари 2022
Пети ден од последните шест, во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени случаи со ковид-19, покажуваат податоците од Министерството за здравство. Изминатите 24 часа има 45 лица кои се оздравени и 22 нови случаи со ковид-19. Бројот на активни случаи во велешко падна на 206 лица.
Во велешка Болница има починато едно лице, жена на 88 годишна возраст од Велес , со коморбидитети и со ковид пневмонија. Со ова бројот на починати од последиците на корона вирусот во велешко е 310 лица.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 26 пациенти, тројца помалку од вчера . Hа Инфективно се хоспитализирани 21, на Интерно петмина. Испишани се тројца пациенти со еден негативен тест..
„Потврдено позитивни се 17, непотврден се четворица и негативни се петмина пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 16 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Од хоспитализираните на Интерно одделение, 15 лица се од Велес, 3 од Свети Николе и по еден од Скопје, Градско и Ногаевци.
Tweet |