Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 септември 2019
Полицијата промовира свои активности, но без доволно детали за целосна информација. Така и денес лиферуваше соопштение за сообраќајни контроли изведени викендов, што за читателот е дилема, кои денови и во кои период од денот е таа спроведена. И голи бројки за откриени сторители, но не и колку контроли се извршени. Или останува дилемата од колку возачи се откриени шестмина под дејство на алкохол , од 30-тина или од шест контроли сите шестмина биле позитивни. Еве го во целост соопштението на СВР Велес, дистрибуирано и од портпаролот Верољуб Додевски и од МВР на страница на МВР, во билтени.
За време на викендот на територијата на СВР Велес спроведена е контрола на возачите кои не почитуваат првенство на минување и нa возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени 12 возачи кои не дале првенство на минување(седум во Велес, три во Кавадарци и два во Неготино) и 20 за управување на возило под дејство на алкохол(пет во Велес, осум во Кавадарци и седум во Неготино). За сите прекршоци изготвени се соодветни санкции - пишува во соопштението.
Tweet |