Петар Печков
Објавено: четврток, 21 февруари 2019
Преку меѓународен проект дел од учениците од градов на возраст од 7 до 16 години, учат како да се подготват за работите места кои ги чека во иднина. Драги Коцевски од ОУ Васил Главинов е координатор на проектот ,,Воведи ги своите соништата,, кој започна да се реализира од 14 јануари. Проектот е во организција на наставник од Пакистан и се работи во стотина земји од светот.
Ова е проект за СТЕМ едукација кој има за цел да им помогне на учениците да разберат и да се подготват за работните места во иднина. Проектот е заснован на популарно истражување кое вели дека 65% од децата кои влегуваат во основно образование денес, на крајот, ќе завршат со работа во потполно нови типови на работни места кои сè уште не постојат. Или учениците се подготуваат за општеството и технологијата која доаѓа и се одвива он лајн. За проектот владее голем интерес - вели Коцевски.
Во текот на проектот учениците учат за индустриите кои ќе се одвиваат во иднина и улогата на технологијата во светот на трансформацијата. Проектот ќе предава 3 од 17 цели на Обединетите Нации, таканаречена Агенда 2030, поточно каде треба да се движи образованието наредните 12 години.
Времетраењето на проектот е 7 недели. Секоја недела наставниците добиваат неделна задача што треба да се заврши а вклучува теми и активности преку кои учениците ќе учат.Теми на кои учениците учат се: кариера во иднина, улогата на технологијата во светот на трансформацијата, идните индустрии, дигитално државјанство и глобално државјанство.
Tweet |