речник контакт

Проектот „Плачот“ мултимедијален настан за културната разноликост во општината

Проектот „Плачот“ финансиски е поддржан од Министерство за култура.

Петар Печков

Саботата навечер во амфитеатарот од Младинскиот парк, се одржа  мултимедијален настан,во организација на  дипломираниот актер Хетем Етеми од село Сливник.

Проектот е насловен „Плачот“  а во едночасовниот сценски настап се читаше поезија од албански, македонски и автори од други земји,  во придружба на  Сара Синани на виола и Гранит Алиу на гитара.

„Плачот е замислен како колаж од поезија, монолози од  драмски делови, а во позадина со видео спотови создадени наменски за проектот.  Сето тоа беше во придружба на музицирање во живо на виола и гитара. Со овој проект се следат современи културни текови во светот, но и се афирмира културната разноликост во општината“- напиша авторот на проектот, актерот Етеми.

Проектот „Плачот“ финансиски е поддржан од Министерство за култура.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »