речник контакт

Пролетва прволигаши фудбал повторно во Велес

Второпласираната Шкендија ќе игра на Градски а тука сакаа да играат и Вардар и Работнички. Првенството продолжува в недела

Петар Печков

 И ова пролет на Градски во Велес ќе се игра прволигашки фудбал.  Екипата на Шкендија, која  е второпласирана решила нејзините натпревари да ги игра во Велес. Бидејќи на   стадионот во Тетово не може да се играат натпревари од Прва лига, Шкендија цела есен играше на други стадиони а пролетва реши да продолжи во Велес. Така веќе в недела за почеток тетовчани ја пречекуваат екипата на  Хоризонт од Турново, со почеток до 14 ч.

Бидејќи стадионот во Велес нема можност за прием на навивачките групи, каде тие би биле одвоени од останатите гледачи,  Шкендија се обврзала дека нема да ги носи организирано нејзините симпатизери. Во Велес на Градски желба изразиле да играат и Скопски Вардар и Работнички.  

Во ФФМ биле во дилема кој би можел да игра во Велес а по минатогодишниот инцидента кога полицајците на Градски беа нападнати од навивачите на Вардар ,,Комити,,. Затоа е одлучено дека екипите што ќе играат нема да смеат да носат свои навивачки групи.   Шкендија вчера на Градски ја одигра последната контролна пред почетокот со второлигашот од Кичево, Влазрими и победи со 5:1.

Причина што третина од  екипите на најквалитетната Македонска лига, сакаат да играат на Градски во Велес, е што теренот е со вештачка трева и дождот и врнежите не влијаат на квалитетот подлогата.  

фото:  sportmedia.mk

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »