Петар Печков
Објавено: сабота, 06 мај 2017
Што е причината за појава на ПРОЛЕТНИОТ ЗАМОР?
Заморот се јавува како последица на намаленото лачење на некои супстанции во организмот, како што е серотонин(нервнотрансмитерска материја одговорна за расположението). Ова доведува до слабост во мускулите и влијае на клетките во централниот нервен систем што предизвикува поспаност во периодот на адаптација на други услови на живот кои се јавуваат со будењето на пролетта, како повеќе сонце, топлина, поинаква влажност на воздухот...
Што е причината
Ширење на крвните садови поради високите температури, се намалува крвениот притисок, што потоа резултира со наведените симптомите- пролетен замор
Исхраната во зима е преполна со маснотии, протеини од животинско потекло, сол и шеќер. Исто така и намалениот внес на витамини, минерали и железо во текот на зимото влијаат на појавата на овие симптоми.
Како се манифестира?
Брзо заморување, недостиг од концентрација и необјаснива потреба од спиење во текот на целиот денот. И покрај квалитетниот одмор и сон, луѓето се чувствуваат дека не се во „форма“ и дека им е намалена работната способност. Постојано се прозеваат и имаат потреба од спиење. Потоа болки и слабост во мускулите, отоци на глуждовите на стапалата. Најголемо влијание за оваа состојба имаат наглите промени на времето, на кои организмот на човекот тешко се адаптира.
Особено се чувствителни метеоропатите кај кои се засилуваат главоболките и мигрените, како ииж дигестивните проблеми и проблемите со чир на желудникот. Чести се случаите на нерасположение и депресија, нервни проблеми и проблеми со концентрацијата.
Како се лекува?
Здрава храна-Еден од начините за подобрување на состојбата е исхрана богата со овошје и зеленчук за да може организмот да ги добие потребните минерали, витамини и олиго-елементи. Како замена може да се користат и витамински додатоци и минерали, иако подобри се природните извори на минерали и витамини.
Вежбање и сонце-Важна е и телесната активност, многу сонце и рекреација Секоја активност - шетање, трчање, возење велосипед или гимнастика го зголемува протокот на кислород до клетките со што заедно со внесената количина вода и исхрана богата со витамин Ц го осигурува неговото оптимално искористување во ткивата и клетките и дејствува благотворно на целиот организам.
Наутро треба да се вежба пет минути, ако може покрај отворен прозорец. Најдобри вежби се оние со свиткување на телото и колената, со истегнување и вртење на колковите.
Одмор-Потребно е доволно сон (појдете на спиење порано од вообичаено, најдобро пред 22 часот). Кога ќе се разбудите, станете веднаш и бидете активни.
Доволно течности-За совладување на пролетниот замор, важен е и појадокот, консумирање овошје и, секако, пиење многу вода, барем еден и пол до два литри дневно, односно 8-10 чаши, или тоа може да биде вода со овошен концентрат, сируп или лимонов сок. Водата го поттикнува варењето и дава чувство на леснотија и телесна сила на организмот, со што автоматски се намалува чувството на замор и исцрпеност.
Што да се внимава?
Како што реков, пролетниот замор не е болест, туку појава во органиозмот на човекот, како последница на зимското нарушување на метаболизмот. Затоа треба да се внимава да не се пропуштат други посериозни заболувања, кои исто така одат со замор, како на пример анемија, пореметувања на тироидната жлезда, кардиолошки или пулмолошки заболувања, хормонални пореметувања и слично.
Значи, не смееме секој замор на крајот на зимата да го поистоветуваме со пролетен замот. Доколку симтомите се многу изразени, секако е потребно да се побара помош или совет од матичен лекар.
Д-р. Ненад Коциќ, Специјалист по Интерна медицина
ПЗУ “Д-р.Коциќ”-Велес
Tweet |